Прв македонски избор за Веб Страница на Годината!
Во организација на Media Solutions и на системот за дигитален маркетинг "Keep an Eye" ,за прв пат оваа година во Македонија се одржува манифестацијата Избор на Веб Сајт на Годината. Целта на оваа манифестација е да допринесе во развојот на интернет сајтовите и воопшто на интернетот во Македонија. Доделувајќи им признанија на луѓето и компаниите кои се посветиле и инвестирале во изработка на Веб сајтови и солуции за разни примени и кои со својата активност успеале од нив да направат неизбежни чинители во секојдневието на се поголем број Македонци, сметаме дека ќе допринесеме во понатамошниот развој и имплементација на интернетот во Македонија.












