Следи не на:

Информации и обврски на жири комисијата

Главната селекција за најдобрите сајтови ја врши жири комисијата која се состои од пет члена и ги има следните надлежности: го надгледува процесот на номинирање на сајтови, додава сајтови во изборот и номинираните сајтови, ги распределува номинираните сајтови во соодветните категории и гласа за номинираните сајтови. Жирито ги оценува сајтовите според следните критериуми:

1. Технички параметри

2. Дизајн

3. Функционалност/употребливост

4. Содржина

5. Интерактивност

6. Иновативност/креативност