Следи не на:

ШТО Е САЈТ НА ГОДИНАТА?

Сајт на Годината е манифестација која по седми пат во Македонија ги избира најдобрите веб сајтови во повеќе категории. Манифестацијата е организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами Keep An Eye, а под покровителство на Град Скопје, ИАБ Македонија и Министерството за информатичка технологија.

Избор за Сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградувањае на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.

Најдобриот веб сајт за 2016 ќе се прогласи на 24.12.2016 година во фоајето на МОБ во Скопје во 19:00 часот.

КАКО СЕ ПРИЈАВУВААТ ВЕБ САЈТОВИТЕ?

Веб сајтовите кои учествуваат во избор за Сајт на Годината, може да бидат пријавени од секој интернет посетител на овој сајт преку формата за пријавување, или од страна на жири комисијата. Секој интернет посетител може да пријави минимум еден сајт во една категорија или по еден сајт во сите категории. Еден ист сајт може да се натпреварува во максимум 6 категории.

Рокот за пријавување на сајтови е од 09.11.2016г. до 20.11.2016г.

КОИ СЕ КАТЕГОРИИТЕ ЗА НОМИНИРАЊЕ?

За оваа година сајтови може да се номинираат во следните категории:

    1. Најдобар сајт за 2016 година
    2. Најдобар дизајн
    3. Забава
    4. Спорт
    5. Вести и информации
    6. Е-трговија и огласи
    7. Храна и здравје
    8. Мода и убавина
    9. Автомобилизам
    10. Образование, наука и култура
    11. Најдобар блог
    12. Најдобар мобилен сајт
    13. Владини/државни институции
    14. Невладини организации
    15. Туризам и угостителство
    16. Бизнис/корпоративен
    17. Финансиски услуги, банкарство и осигурување
    18. ИТ и електроника
    19. Најдобра Фејсбук страница/ профил/ група
    20. Најдобра мобилна апликација

    КАКО СЕ ОДВИВА ГЛАСАЊЕТО И КАКО СЕ ИЗБИРААТ ПОБЕДНИЦИТЕ?

    И оваа година покрај гласовите на жири комисијата во вкупните гласови ќе влезат и гласовите на интернет посетителите. Секој посетител на веб страницата на Сајт на Годината има можност да гласа за најдобрите сајтови преку веб апликацијата. Соодносот на финалните гласови е 60% на жири комисијата и 40% на гласовите од интернет посетителите.

    Гласањето од интернет посетителите ќе започне од 24.11.2016 и ќе трае до 18.12.2016. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени.

    Победниците ќе бидат објавени на 24.12.2016 на свечената манифестација која ќе се оддржи во фоајето на МОБ во 19:00 часот, при што ќе се поделат симболични награди и плакети на победниците од секоја категорија.