Следи не на:

ШТО Е САЈТ НА ГОДИНАТА?

Сајт на Годината е манифестација која по деветти пат во Македонија ги избира најдобрите веб сајтови во повеќе категории. Манифестацијата е организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами Keep An Eye.

Избор за Сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградувањае на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.

Најдобриот веб сајт за 2018 ќе се прогласи на 13.12.2018 година во просториите на Еу инфо центарот во Скопје во 18 часот.

КАКО СЕ ПРИЈАВУВААТ ВЕБ САЈТОВИТЕ?

Веб сајтовите кои учествуваат во избор за Сајт на Годината, може да бидат пријавени од секој интернет посетител на овој сајт преку формата за пријавување, или од страна на жири комисијата. Секој интернет посетител може да пријави минимум еден сајт во една категорија или по еден сајт во сите категории. Еден ист сајт може да се натпреварува во максимум 6 категории.

Рокот за пријавување на сајтови е од 09.11.2018г. до 23.11.2018г.

КОИ СЕ КАТЕГОРИИТЕ ЗА НОМИНИРАЊЕ?

За оваа година сајтови може да се номинираат во следните категории:

    1. Најдобар сајт за 2018 година
    2. Најдобар забавен сајт
    3. Најдобар сајт за вести и информации
    4. Најдобар спортски сајт
    5. Најдобар блог
    6. Најдобар мобилен сајт
    7. Најдобар сајт за мобилна апликација
    8. Најдобар корпоративен сајт
    9. Најдобар сајт за е-трговија и огласи
    10. Најдобар сајт за образование, наука и култура
    11. Најдобар сајт за невладини организации
    12. Најдобар сајт за владини/државни институции
    13. Најдобар сајт за ит и електроника
    14. Најдобар сајт за Финансиски услуги, банкарство и осигурување
    15. Најдобар сајт за туризам и угостителство
    16. Најдобар сајт за автомобилизам
    17. Најдобар сајт за мода и убавина
    18. Најдобар сајт за храна и здравје

    КАКО СЕ ОДВИВА ГЛАСАЊЕТО И КАКО СЕ ИЗБИРААТ ПОБЕДНИЦИТЕ?

    И оваа година покрај гласовите на жири комисијата во вкупните гласови ќе влезат и гласовите на интернет посетителите. Секој посетител на веб страницата на Сајт на Годината има можност да гласа за најдобрите сајтови преку веб апликацијата. Соодносот на финалните гласови е 60% на жири комисијата и 40% на гласовите од интернет посетителите.

    Гласањето од интернет посетителите ќе започне од 24.11.2018 и ќе трае заклучно со 09.12.2018. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени.

    Победниците ќе бидат објавени на 13.12.2018 на свечена манифестација во просториите на Еу инфо центарот во Скопје во 18 часот, при што ќе се поделат симболични награди и плакети на победниците од секоја категорија.