По единаесетти пат Media Solutions и KeepAnEye го организаираат изборот за сајт на годината

Избор за Сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија.

Како се пријавуваат веб сајтовите

Веб сајтовите кои учествуваат во избор за Сајт на Годината, може да бидат пријавени од секој интернет посетител на овој сајт преку формата за пријавување. Секој интернет посетител може да пријави минимум еден сајт во една категорија или по еден сајт во сите категории. Еден ист сајт може да се натпреварува во максимум 6 категории.

Кои се категории за номинирање?

  • Најдобар забавен сајт
  • Најдобар сајт за вести и информации
  • Најдобар спортски сајт
  • Најдобар блог
  • Најдобар мобилен сајт
  • Најдобара мобилна апликација
  • Најдобар корпоративен сајт
  • Најдобар сајт за е-трговија и огласи
  • Најдобар сајт за образование, наука и култура
  • Најдобар сајт за невладини организации
  • Најдобар сајт за владини/државни институции
  • Најдобар сајт за ИТ и електроника
  • Најдобар сајт за финансиски услуги, банкарство и осигурување
  • Најдобар сајт за туризам и угостителство
  • Најдобар сајт за автомобилизам
  • Најдобар сајт за мода и убавина
  • Најдобар сајт за храна и здравје
  • Најдобра Фејсбук фан страна или група
  •  

Како се избираат победниците?

Секој посетител на веб страницата на Сајт на годината има можност онлајн да гласа за најдобрите сајтови. Секој интернет посетител може да гласа за еден сајт со внесување на својата електронска пошта во секоја категорија по еднаш.