САЈТ НА ГОДИНАТА Победник за 2020 година e
Фејсбук групата Ковид19 искуства и совети
10
години постоење
168
награди
1253
номининации
6987
гласачи
На 16.12.2020 во 19ч беше одржана завршната манифестација на Сајт на годината 2020 – прогласувањето на победниците за 2020 година. Настанот беше проследен во присуство на голем број гледачи преку онлајн стриминг платформи на Sajtnagodinata.mk и на Фејсбук профилите на дигиталната маркетинг агенција Медиа
Солутионс, со поддршка на Министерство за култура.

Престижна манифестација

Сајт на годината низ годините прерасна во престижна манифестација, која има за цел да ги истакне, поттикне и награди најдобрите сајтови во изминатата година во повеќе категории, и да го вреднува трудот на големиот број млади и талентирани автори од повеќе области кои работат во веб издаваштвото.

Мисија

Проектот има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата.

Вие номинирате, Вие гласате

Карактеристично за овој натпревар е тоа што македонските интернет посетители ги номинираат и гласаат за своите омилени сајтови на сајтот на манифестацијата. Оваа година своите гласови ги дадоа речиси седум илјади интернет посетители од Македонија, и за најдобар сајт го избраа Факултети.мк.

Media solutions

Секоја компанија има интересни приказни за своето настанување, за своите производи или услуги, за вредноста што ја добиваат потрошувачите од тие производи или услуги. Раскажете убава приказна и луѓето ќе слушаат. Заеднички креираме значајни искуства за клиентите. Ги користиме новите технологии за да му пристапиме на секој поединечен клиент, за да направиме врска кон брендот која што ќе биде силна и долготрајна.

Дефинираме стратегии

Однесувањето на денешните потрошувачи и новите технологии се менуваат со силно темпо, и носат големи предизвици за компаниите. Наша задача е да работиме заеднички со нашите клиенти и овие предизвици да ги претвораме во можности. За таа цел го анализираме бизнисот, брендот, искуството, маркетинг каналите и технологијата и градиме и извршуваме успешни стратегии. Со тие стратегии ја раскажуваме на најдобар начин приказната на нашите клиенти.

Градиме брендови

Со нашите заеднички приказни инспирираме вистински промени во однесувањето на потрошувачите. Преку новите дигитални канали отвораме конверзации кои што креираат посилна поврзаност меѓу брендот и потрошувачот, поголема свесност на потрошувачите за брендот, поголеми преференци и лојалност.

Создаваме искуства

Не само што креираме искуства, туку градиме цели светови кои го комбинираат реалното и виртуелното и кои овозможуваат континуирана интеракција меѓу брендот и потрошувачот. На тој начин потрошувачите стануваат дел од нашата приказна, и заедно со нас чекорат низ емоционалните, виртуелните и физичките пејсажи.